В САБОТА СЛИКАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ ЗА 18-ГОДИШНИЦИТЕ КОИ НЕМААТ БИОМЕТРИСКА ЛИЧНА КАРТА, НИТУ ПАСОШ

    В САБОТА СЛИКАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ ЗА 18-ГОДИШНИЦИТЕ КОИ НЕМААТ БИОМЕТРИСКА ЛИЧНА КАРТА, НИТУ ПАСОШЛицата кои имаат барам еден биометриски документ односно лична карта или биометриски пасош нема да бидат примени бидејќи предност имаат оние кои немаат никаков документ.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Лицата кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ во сабота ќе можат да се сликаат без закажан термин. Како што најавија од Министерството за внатрешни работи фотографирањето ќе се врши од 8 до 15 часот во сите пунктови низ земјава, а во Скопје само во полициската станица „Пролет“.

    Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори“, велат од МВР.

    Лицата кои имаат барам еден биометриски документ односно лична карта или биометриски пасош нема да бидат примени бидејќи предност имаат оние кои немаат никаков документ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира