НИЕ СМЕ ЧЛЕНКА НА НАТО И СТАНДАРДИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ, КАЖА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА НА СТАРТОТ НА КАМПАЊАТА

    НИЕ СМЕ ЧЛЕНКА НА НАТО И СТАНДАРДИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ, КАЖА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА НА СТАРТОТ НА КАМПАЊАТА„Во Советот за безбедност ќе назначам тројца експерти кои се врвни познавачи на безбедносните дилеми“, кажа Силјановска (Фото:Ѓ. Личовски)

    На митинг пред Владата на булевар „Илинденска“, ВМРО-ДПМНЕ ја претстави кандидатката за претседател Гордана Силјановска, за која заштитата на животната средина и климатската акција, како и безбедносните проблеми, како жена, се најважни.

    „Ние сме веќе членка на НАТО и стандардите треба да се почитуваат. Во Советот за безбедност ќе назначам тројца експерти кои се врвни познавачи на безбедносните дилеми“, кажа Силјановска.

    Таа кажа дека земјата достоинствено ја претставувала секогаш.

    „Земјата секогаш достоинствено сум ја претставувала и сум добивала признанија. И како пратеничка гордо ве застапував вас. Се однесував како посветена ученичка, а не како учителка. За разлика од нив, постојано овие денови велам проверете ја и утврдете ја разликата. Вклучете некој ден ден телевизор и споредете што зборуваат едните, што зборуваат другите. Запрашајте се чиј говор, чиј став ќе запомните, кој ве импресионирал, чиј говор и став ве направил горди. Нивниот? Не верувам. Тие немаат став, го кажуваат она кое посилниот сака да го чуе“, кажа Силјановска.

    Рече дека не прави компромис со вредности, зашто немаме право на тоа и оти така ја нагризуваме гордоста на Македонија.

    Таа кажа дека ќе прави се што не правел Стево Пендаровски и прво што спомна е дека ќе ги врати народните канцеларии на Ѓорге Иванов. Кажа дека ќе ја почитува новата влада и некогаш ќе ја пофалува, а некогаш ќе ја критикува, а надвор нема да замине без да изгради консензус за клучните национални прашања.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира