ПО ЗАКАНИТЕ ОД БАЈДЕН КОН НЕТАНЈАХУ, ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ОТВОРИ НОВИ КОРИДОРИ ЗА ДОСТАВА НА ПОМОШ ВО ГАЗА

    ПО ЗАКАНИТЕ ОД БАЈДЕН КОН НЕТАНЈАХУ, ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ОТВОРИ НОВИ КОРИДОРИ ЗА ДОСТАВА НА ПОМОШ ВО ГАЗАГраничниот премин Ерез беше оштетен при упадот на Хамас во Израел на 7 октомври (Фото: Гети)

    Џо Бајден му постави ултиматум на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ги заштити палестинските цивили и хуманитарните работници ако сака и натаму да ја има поддршката на Вашингтон во војната против Хамас. Пораката од Белата куќа уследи откако во неодамнешниот израелски воздушен напад во Газа загинаа седуммина хуманитарни работници кои доставуваа храна, од кои шестмина странци. Израел се извини за овој напад и тврди дека не бил намерен.

    Вашингтон не кажа прецизно какви чекори треба да преземе Израел и што би се случило ако не послуша, но аналитичарите веруваат дека тоа најверојатно значи намалени испораки на оружје и намалена поддршка во Обединетите нации.

    По заканите од САД, Израел објави дека повторно ќе ги отвори граничниот премин Ерез во северна Газа и пристаништето Ашдод за достава на хуманитарна помош и дека ќе овозможи повеќе помош да влегува од Јордан. Отворањето на Ерез е особено значајно зашто израелската влада во ноември кажа дека нема да има директен контакт помеѓу Израел и Газа, но Бајден во телефонскиот разговор со Нетанјаху инсистирал на повторното отворање на овие коридори.

    Од почетокот на војната пред речиси шест месеци, во Газа загинаа повеќе од 33.000 Палестинци, а целата енклава се бори со тешка хуманитарна криза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира