МИНИРАНИ ГРАНИТНИ РИДОВИ ВО БЛИЗИНА НА ШТИП ЗА ИЗГРАДБА НА БРАНАТА ОТИЊА, КОЈА ШТО ВЕЌЕ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ГОТОВА

    МИНИРАНИ ГРАНИТНИ РИДОВИ ВО БЛИЗИНА НА ШТИП ЗА ИЗГРАДБА НА БРАНАТА ОТИЊА, КОЈА ШТО ВЕЌЕ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ГОТОВАБраната на реката Отиња кај Штип требаше да биде готова до крајот на оваа пролет, но вчера министерот Бочварски најави дека тоа ќе се случи до наредната пролет. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вчера присуствуваше на минирање на гранитни ридови во близина на Штип, каде што во јули 2021 година тогашниот премиер Зоран Заев постави камен темелник на оваа долго очекувана акумулација за штипјани, која како што кажуваат студиите, најзначајно е што значително ќе ја подобри климата во овој град, посебно во летниот период.

    Тогаш, на поставувањето камен темелник на новата и прва брана во Штип, беше речено дека ќе биде изградена за 2,5 години што значи на почетокот на ова лето требаше да биде пуштена во функција. Но, според денешните најави на министерот за транспорт и врска браната треба да биде готова до наредната пролет.

    „Денеска се почна со минирање на гранитни ридови во месноста Попова чешма во близина на браната од каде ќе се црпи квалитетен материјал, неопходен за потребите на целокупната изградба на браната, од насипот па се до останатите нивоа од овој капитален објект на штипјани“ рече Бочварски. кој прв ја активираше далечинската детонација.

    Според министерот изведувачите сега имаат отворен фронт за работа на повеќе локации. Минирањето се изврши со цел без некои поголеми трошоци да се обезбедат најмалку 5.000 метри кубни од основниот гранитен материјал за изградбта на браната за која минсстерството како што вели тој за оваа година оставило 130 милиони денари.

    Пред две и пол години на поставувањето на камен темелникот беше речено дека за оваа штипска акумулација од државниот буџет биле планирани 306 милиони денари. Биле изгработени сите неопходни еколошки, урбанистички, сеизмолошки и другите неопходни елаборати.

    Но, според денешната слика на теренот каде што треба да биде основата на браната нема никаква разлика од пред една година. Како што кажуваат жителите на најблиската населба до браната која од нивните живеалишта е оддалечена стотина метри, нема некој напредок во работите. Тие во разговор со работници од неколку ангажирани компании биле информирани дека вработените добиле колективни годишни одмори, некои биле прогласени за технолошки вишок и тие веќе не работат таму.

    Единствено на теренот околу браната како што информираа преставниците на компаниите интезивно работи компанијата „Стентон градба “ која го изврши и денешното минирање на градежно техничкиот камен гранит од каде ќе се црпи материјал за потребите на насипот и воопшто за целата брана на реката Отиња.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира