Илјадници луѓе се евакуираат во рускиот регион Оренбург, откако пукна брана во планинскиот град Орск, соопштија локалните власти. Властите велат дека 10.000 луѓе се наоѓаат во поплавената зона и дека 4.000 куќи се загрозени.
„Работата на пукнатата брана во Орск продолжува“, соопштија властите.
Руските медиуми објавија дека два од трите окрузи на Орск се евакуираат, а на браната се работи со тешка машинерија за да се санира пукнатината.
Орск има околу 230.000 жители, а евакуираните се пренесуваат во околните училишта.
Регионот во кој што се наоѓа Орск, како и соседните региони во соседниот Казхастан, изминативе денови беа погодени од поплави.