УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАПАДНАА ТРЕНИНГ-ЦЕНТАР ЗА ВОЕНИ ПИЛОТИ ВО РУСКИОТ РЕГИОН ВОРОНЕЖ

    УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАПАДНАА ТРЕНИНГ-ЦЕНТАР ЗА ВОЕНИ ПИЛОТИ ВО РУСКИОТ РЕГИОН ВОРОНЕЖУкраина кажа дека мета на нападот била фабрика за авиони во Борисоглебск (Фото: Телеграм)

    Украински дронови нападнаа тренинг-центар на руската воена авијација во градот Борисоглебск во западниот регион Воронеж, изјави претставник на украинското воено разузнавање (ХУР), кое ретко излегува во јавност со потврда за вакви акции.

    Властите на Воронеж кажаа дека противвоздушната одбрана ноќеска соборила два дрона, но локални канали на Телеграм објавија дека во нападот е оштетен тренинг-центарот „Чакалов“, во кој удриле и експлодирале дронови.

    Портпаролот на ХУР, Андриј Јусов, изјави дека мета на нападот била фабрика за авиони во Борисоглебск.

    Нема да излегуваме со детали, но според наши сознанија, погодени се главните производствени погони во фабриката“, изјави Јусов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира