Галерија за современа уметност во Минхен отпушти еден свој вработен откако откри дека дека тој тајно обесил своја слика на изложба. Педесет и едногодишниот маж направил две дупки во ѕид за да постави своја слика во Пинакотек дер модерне во Минхен.
Локалните медиуми објавија дека тој го направил тоа со надеж дека ќе се пробие како уметник. Портпаролката на галеријата Тине Нелер кажа дека делото не било изложено долго.
„Супервизорите брзо го забележаа делото, кое потоа му беше вратено на уметникот“, изјави Нелер.
Тој бил дел од тимот за технички услуги на галеријата и се опишувал себеси како слободен уметник. Неговото дело со димензии 60 со 120 сантиметри било ставено во празен премин.
Пинакотек дер модерне во Минхен е една од најголемите галерии за современа уметност во Европа и содржи дела од Пабло Пикасо, Салвадор Дали и Макс Ернст.