ВИЕТНАМСКА МИЛИЈАРДЕРКА ОСУДЕНА НА СМРТ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 44 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    ВИЕТНАМСКА МИЛИЈАРДЕРКА ОСУДЕНА НА СМРТ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 44 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИАпсењето на Труонг Мај Лан беше едно од најпознатите во рамките на борбата против корупција во Виетнам (Фото: ЕПА)

    Суд во Виетнам ја осуди на смрт милијардерката Труонг Мај Лан поради нејзината улога во финансиска измама од над 44 милијарди долари, најголема во историјата на земјата. Претседателката на холдинг групата „ВТП“ е прогласена за виновна за проневера, поткуп и кршење на банкарските правила на крајот на судењето во Хо Ши Мин.

    Апсењето на 67-годишната Лан беше едно од најпознатите во рамките на борбата против корупција во Виетнам, што ја почна лидерот на владејачката Комунистичка партија, Нгујен Фу Тронг. Стотици високи државни функционери и извршни директори на познати компании притоа беа гонети или беа принудени да поднесат оставка.

    „ВТП“ беше меѓу најбогатите компании за недвижности во Виетнам. Лан и нејзините соучесници беа обвинети дека за период од 11 години извлекле повеќе од 44 милијарди долари од банката „СЦБ“, која таа ефективно ја контролирала преку десетици полномошници, кажаа истражителите.

    Според пресудата, таа ќе мора да врати 27 милијарди долари, иако обвинителите не веруваат дека тоа некогаш ќе се случи.

    Во судењето учествуваа 2.700 сведоци, десет јавни обвинители и околу 200 адвокати, а покрај Лан, им се судеше на уште 85 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира