НОВОГОДИШНИТЕ КУЌАРКИ НА АРСОВСКА УШТЕ СТОЈАТ НА ПЛОШТАД

    НОВОГОДИШНИТЕ КУЌАРКИ НА АРСОВСКА УШТЕ СТОЈАТ НА ПЛОШТАДКуќарките се празни, заклучени и не се користат, но и покрај тоа, не се отстрануваат од центарот на градот. (Фото: К. Попов)

    Новогодишните куќарки кои Град Скопје ги стави на Плоштадот Македонија во декември пред Нова година уште стојат. Тие се празни, заклучени и не се користат, но и покрај тоа, не се отстrануваат од центарот на градот.

    Од Град Скопје не добивме одговор на нашите прашања зошто куќарките поставени за продавање новогодишни украси уште стојат на плоштадот и кога и дали воопшто планираат да ги тргнат.

    Лани градот беше украсен на десет дена пред Нова година, а украсите од улиците почнаа да се вадат дури во март. Одговарајќи на критиките дека градот доцна беше украсен, Арсовска кажа дека во 2024 година ќе се накити уште во септември.

    За новогодишното украсување во Град Скопје влезе Финансиската полиција за да провери кој го платил, бидејќи не беше распишана јавна набавка, ниту јавен повик. Досега од Финансиската полиција не е поднесена кривична пријава, ниту се кажува што открила истрагата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира