НАЈМАЛКУ ОСУММИНА МРТВИ ВО РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД НА ДНЕПАР

    НАЈМАЛКУ ОСУММИНА МРТВИ ВО РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД НА ДНЕПАРВо нападот се погодени и станбена висококатница и железничка станица (Фото: ЕПА)

    Најмалку осум луѓе загинаа, а повеќе од 20 се ранети во голем руски воздушен напад врз централниот украински регион Днепар. Локалните власти кажаа дека се оштетени инфраструктурни објекти.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се погодени и станбена висококатница и железничка станица во регионалниот главен град Днепар.

    Државната железничка компанија „Укрзализница“ објави дека Русија намерно ја гаѓала нејзината инфраструктура во овој регион и дека се повредени шестмина работници.

    Министерот за внатрешни работи Игор Клименко изјави дека засега е потврдено дека загинале осуммина луѓе, од кои двајца во градот Днепар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира