СИЛЈАНОВСКА ИМА ВОДСТВО ОД НАД 140.000 ГЛАСОВИ ПРЕД ПЕНДАРОВСКИ ОД 80 ОТСТО ПРЕБРОЕНИ ГЛАСОВИ

    СИЛЈАНОВСКА ИМА ВОДСТВО ОД НАД 140.000 ГЛАСОВИ ПРЕД ПЕНДАРОВСКИ ОД 80 ОТСТО ПРЕБРОЕНИ ГЛАСОВИКандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска - Давкова на предизборен митинг. (Фото: ВМРО-ДПМНЕ)

    Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска – Давкова има 279.127 гласови (39,74%), што е двојно повеќе од кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски – 135.803 гласови (19,34%), по преброени 79,3 отсто од преброените гласови, според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија од првиот круг на претседателските избори.

    Кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски има 5.431 гласови (0,77%), кандидатот на ДУИ Бујар Османи има 100.582 гласови (14,32%), кандидатката на Левица Билјана Ванковска – Цветковска има 30.730 гласови (4,38%), кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари има 71.456 гласови (10,17%) и кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски има 59.515 гласови (8,74%).

    Oдзивот на гласачите на првиот круг од претседателските избори е 49,16 отсто од податоците од избирачките места доставени до Државната изборна комисија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира