ДРАМСКИ ТЕАТАР ЌЕ ДОДЕЛУВА НАГРАДА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“ ЗА НАЈДОБАР ТЕКСТ ОД МЛАД АВТОР

    ДРАМСКИ ТЕАТАР ЌЕ ДОДЕЛУВА НАГРАДА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“ ЗА НАЈДОБАР ТЕКСТ ОД МЛАД АВТОРМурал на Горан Стефановски во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Драмски театар од Скопје, денес на 27 април, денот на роденденот на драмскиот автор Горан Стефановски, ја востанови наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30-годишна возраст,

    Од Драмски велат дека текстот ќе се избира преку јавен конкурс, а дополнително ќе информираат кога ќе биде објавен.

    „Преку овој чин се оддава почит и се чува споменот за Горан Стефановски и неговата улога во развојот на македонската драматургија и театар, и воедно се проширува заложбата на Драмски за афирмација на македонските млади автори и македонското драмско писмо. Стефановски како млад драмски автор со драмските дела ‘Јане Задрогаз’ и ‘Диво месо’ во соработка со Драмски постигна успеси за паметење”, велат од Драмски.

    Драмски ќе учествува и во Фондацијата „Горан Стефановски“ основана со одлука на УКИМ под иницијатива на Факултетот за драмски уметности (ФДУ).

    Горан Стефановски почина пред пет години на 66-годишна возраст. Автор е на култните драми „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар Маало“ и други и беше еден од креаторите на популарната ТВ-серија „Бушава азбука“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира