ВРАБОТЕНИТЕ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НАЈАВИЈА ШТРАЈКОВИ АКО ДО 15 МАЈ НЕ ИМ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ

    ВРАБОТЕНИТЕ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НАЈАВИЈА ШТРАЈКОВИ АКО ДО 15 МАЈ НЕ ИМ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕПретседателот на Синдикалната организација на ФЗОМ, Бранко Аџигогов на денешниот протест. (Фото: Принтскрин од видео)

    Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) денеска со предупредувачки протест бараа  усогласување на платите со растот на минималната плата, и најавија дека доколку не им се исполни барањето од 1 јуни ќе стапат во генерален штрајк.

    Претседателот на Синдикалната организација на ФЗОМ, Бранко Аџигогов, кажа дека доколку до 15 мај не се преземе ништо првенствено ќе започнат секој ден во сите градови од еден до два часа со предупредувачки протести.

    „На минатата седница од петокот нашата точка за усогласување на нашите плати согласно Законот за минимална плата беше одложена на неопределено време односно после изборите, како што знаете во изминатиот период, вработените штрајкуваа со цел да им остане иста платата, применетата одлука од Владата после штрајкот се однесува на тоа дека платите ни остануваат исти до 31 мај, времето се ситни и остануваат само уште 30 дена додека дознаеме колку ќе имаме ние плата“, рече Аџигогов.

    Вработените во ФЗОМ, исто така бараат Управниот одбор на Фондот да биде целосно разрешен и да биде поставен нов, затоа што тројца од членовите биле пензионери и со истечени мандати.

    Во февруари, вработените во Фондот за здравство три дена штрајкуваа поради опасноста дека платите ќе им се намалат за 21 процент, меѓутоа владата донесе одлука тие да останат непроменети по што штрајкот беше прекинат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира