ПЕНЗИОНИРАНИ ПИЛОТИ ЌЕ ГИ ВОЗАТ АВИОНИТЕ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАР, НО ПО ИЗБОРИТЕ ОТИ ДОТОГАШ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СКЛУЧИ ДОГОВОР ЗА ХОНОРАР

    ПЕНЗИОНИРАНИ ПИЛОТИ ЌЕ ГИ ВОЗАТ АВИОНИТЕ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАР, НО ПО ИЗБОРИТЕ ОТИ ДОТОГАШ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СКЛУЧИ ДОГОВОР ЗА ХОНОРАРВо моментов, државата има само еден пилот за гасење шумски пожари со авион бидејќи двајца пролетва отидоа во пензија. (Фото: ЦУК)

    Пензионираните пилоти од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ќе бидат ангажирани за гасење на шумските пожари со „ер тракторите“ ова лето. Во моментов, државата има само еден пилот за гасење шумски пожари со авион, бидејќи двајца пролетва отидоа во пензија. Нови не се вработени оти беа распишани изборите и не можеа да се објавуваат огласи за вработување.

    Вработување на нови лица подразбира подолга процедура, обуки и тренинзи, па затоа годинава проблемот ќе се реши со ангажирање на пензионираните пилоти.

    „Чекаме да поминат изборите и да ги ангажираме пензионираните пилоти. Сега за сега не можеме тоа да го сториме поради изборите, иако за целата ситуација двапати сме се обратиле до Антикорупциската комисијата да ни дозволи да се потпише договор, но бевме одбиени“, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути.

    Ова лето, за разлика од пред две години, во функција ќе бидат сите три авиони. Максути вели дека при крај е тендерот за сервисирање на авионите. По склучување на договорот, два авиона ќе заминат на сервис и пред летната сезона ќе бидат вратени. Третиот авион може да лета до август.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира