Полските специјални служби пронашле уреди за прислушување во соба во Катовице каде што денеска треба да се сретне Советот на министри. Полска, која е центар за достава на западната воена помош во Украина, е на зголемена готовност за какви било знаци на шпионски активности.
„Службата за државна заштита во соработка со Агенцијата за внатрешна безбедност откри и демонтираше уреди што можат да се користат за прислушување во собата каде што денеска ќе се одржи состанок на Советот на министри. Службите спроведуваат дополнителна истрага“, изјави портпаролот на Службата за државна заштита, Јацек Добжински.
Владата денеска ќе заседава во Катовице затоа што премиерот Доналд Туск и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се главни гости на тамошниот меѓународен економски форум.