ПУТИН ГО ПОЧНА ПЕТТИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МАНДАТ И КАЖА ДЕКА Е ОТВОРЕН ЗА РАЗГОВОРИ СО ЗАПАДОТ

    ПУТИН ГО ПОЧНА ПЕТТИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МАНДАТ И КАЖА ДЕКА Е ОТВОРЕН ЗА РАЗГОВОРИ СО ЗАПАДОТПутин ја зацементираше својата власт најмалку до 2030 (Фото: АП)

    Владимир Путин денеска го почна петтиот претседателски мандат откако положи заклетва на свечена церемонија во Кремљ, која беше бојкотирана од САД и најголем дел од западниот свет.

    По убедливата победа на изборите во март, кога освои 87% гласови, Путин ја зацементираше својата власт најмалку до 2030 година, кога ќе може да се бори за уште еден мандат, станувајќи најдолготрајниот руски лидер од Јосиф Сталин.

    Меѓу гостите на инаугурацијата беше и Стивен Сигал (Фото: РИА)

    Многу работи се сменија од првата инаугурација на Путин во мај 2000. Тој тогаш вети дека ќе ја чува и развива демократијата и ќе се грижи за Русија, а во 2018 вети дека Русија ќе биде во петте најголеми светски економии. Во меѓувреме, тој почна војна против Украина, во која загинаа десетици илјади Руси, ја уништи опозицијата и ја концентрираше сета моќ во свои раце.

    Во својот краток говор на инаугурацијата, Путин кажа дека е отворен за разговор со западот, но само под еднакви услови и додаде дека Русија мора да биде отпорна на сите закани и предизвици.

    „За Русија, ова е продолжување на нашиот пат, ова значи стабичност, можете да прашате кого било на улица“, кажа близок соработник на Путин, Сергеј Чемезов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира