ВЛАДАТА ОБРАСНА СО ТРЕВА ОД НАД ЕДЕН МЕТАР ОТИ „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ НЕ ЈА КОСИ

    ВЛАДАТА ОБРАСНА СО ТРЕВА ОД НАД ЕДЕН МЕТАР ОТИ „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ НЕ ЈА КОСИЦелиот двор на Владата личи на џунгла. (Фото: К. Попов)

    Зградата на Владата е обрасната со трева висока над еден метар. Целиот двор на Владата личи на џунгла и на никого не му пречи тоа, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ нигде ги нема да ја искосат тревата, како и во цело Скопје. 

    Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ нигде ги нема да ја искосат тревата. (Фото: К. Попов)

    Објектот личи како да е запуштен и како никој да не го користи. Во зградата на Владата на 3 мај министрите и техничкиот премиер Талат Џафери одржаа седница, но никој не реагирал зошто тревата не е искосена.

    Објектот личи како да е запуштен и како никој да не го користи. (Фото: К. Попов)

    Генералниот секретар на Владата Методија Димовски ни рече дека надлежно за тревата во Владата е ЈП „Паркови и зеленило“ и се согласува дека не доликува објектот да е обраснат. Кажа и дека уште денеска институционално ќе побараат да се искоси тревата.

    Оваа пролет цело Скопје е зараснато во треви и плевел. Кејот на реката Вардар, но и зеленилото долж булеварите и парковите се неискосени.

    Обврската за косење на тревата низ градот е на ЈП „Паркови и зеленило“. Зошто не се коси и дали воопшто ќе се коси не може да се дознае, затоа што на директорите на претпријатијата што ги поставува градоначалничката Данела Арсовска им е забрането да комуницираат со медиуми.

    Во Скопје уште не е почната ниту постапката за прскање против комарци. Првото прскање се врши кон средината на април. Но, годинава тоа не е направено оти пропадна дел тендерот на Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира