ОДЗИВОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ГО НАДМИНА ЦЕНЗУСОТ ОД 40 ОТСТО ДО 17 ЧАСОТ, НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ Е 46,93 ОТСТО

    ОДЗИВОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ГО НАДМИНА ЦЕНЗУСОТ ОД 40 ОТСТО ДО 17 ЧАСОТ, НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ Е 46,93 ОТСТООд гласање во избирачко место во Општина Аеродром. (Фото: СДК.МК)

    До 17 часот за избор на претседател во вториот круг гласале 42,32 отсто од избирачите, со што е надминат цензусот од 40 отсто, според податоците пристигнати до Државната изборна комисија.

    Како што кажа претседателот на ДИК Александар Даштевски на прес-конференција, тоа е зголемување од 7,19 отсто споредено со вториот круг од претходните претседателски избори, како и зголемување од 0,01 отсто споредено со првиот круг пред две недели.

    Најголема излезност за претседателските избори има во општина Новаци – 66,47 отсто, а најмала во општина Липково – 6,48 отсто.

    За парламентарните избори, до 17 часот гласале 46,93 отсто од избирачите.

    Најголема излезност на парламентарните избори има во општина Кривогаштани – 79,73 отсто, а најмала во општина Маврово-Ростуше – 22,93 отсто.

    Денеска се одржуваат 7. претседателски и 11. парламентарни избори. Право на глас имаат 1.814.317 граѓани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира