ИМ ЧЕСТИТАМ НА ПОБЕДНИЦИТЕ, НО ДЕНЕСКА СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ГЛАСАЧИ БЕА СПРЕЧЕНИ ДА ГО ЗЕМАТ ВТОРОТО ЛИВЧЕ И ДА ГЛАСААТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ

    ИМ ЧЕСТИТАМ НА ПОБЕДНИЦИТЕ, НО ДЕНЕСКА СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ГЛАСАЧИ БЕА СПРЕЧЕНИ ДА ГО ЗЕМАТ ВТОРОТО ЛИВЧЕ И ДА ГЛАСААТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, КАЖА ПЕНДАРОВСКИПендаровски кажа дека ќе се врати на факултетот каде што претходно предавал. (Фото: СДК.МК)

    Резултатите од изборите се јасни и немам намера детално да ги образложувам. Сакам согласно резултатите кои досега ги видовме да им честитам на победниците и да им посакам успешна работа“, рече претседателот Стево Пендаровски на прес-конференцијата по вториот круг на претседателските избори. Според резултатите од Државната изборна комисија (ДИК) од 80,37% преброени гласови, Силјановска-Давкова освои 439.614 гласови или 64,83% , а Пендаровски освои 198.288 или 29,24%.

    „Знаеме дека има некои извештаи за прекршувања на изборните правила во некои делови од Македонија, меѓутоа оставам тоа надлежните да го решат. Мојот концепт за мултиетничка Макдонија целосно интегрирана во евроатланските структури денеска за жал не доби мнозинска поддршка. Меѓутоа, јас сум длабоко уверен дека само таква Македонија може да биде просперитетна и демократска држава. Од таа страна, мојата совест е мирна. Не сум сигурен дека совеста им е мирна на оние кои тргнувајќи од теснопартиски или лични политички интереси денеска ефективно спречија илјадници наши граѓани да го земат второто ливче и да гласаат на претседателските избори“, кажа Пендаровски.

    Тој додаде дека му било јасно оти СДСМ која ја предводеше Коалицијата за европска иднина не е во иста кондиција како пред пет или десет години, но политичките анализи му дале надеж дека може да биде рамноправен натпреварувач во оваа трка.

    Пендаровски, кој на прес-конференцијата дојде со сопругата и со синот, најави дека се повлекува од политиката и кажа дека ќе се врати на факултетот каде што претходно предавал.

    М. ЏАРОВСКА 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира