ЕРДОГАН ЈА ПРЕТВОРИ ВО ЏАМИЈА И ВИЗАНТИСКАТА ЦРКВА МУЗЕЈ „ХОРА“ ВО ИСТАНБУЛ

    ЕРДОГАН ЈА ПРЕТВОРИ ВО ЏАМИЈА И ВИЗАНТИСКАТА ЦРКВА МУЗЕЈ „ХОРА“ ВО ИСТАНБУЛЦрквата „Христос Хора“ содржи мозаици и фрески од 14. век кои прикажуваат сцени од библиски приказни. (Фото: АФП)

    Турција ја отвори древната црква „Христос Хора“ за муслиманските верници, со што ова е втора ваква голема преобразба на византиски објект во мандатот на Реџеп Тајип Ердоган. „Христос Хора“, изградена во 4 век, е една од најпознатите византиски градби во Истанбул. По падот на Цариград под отоманска власт во 1453, црквата била претворена во џамија и така останала до реконструкцијата во 1945, по што станала музеј Карије.

    Ердоган, претседател на партија со исламистички корени, ја претвори светски познатата „Аја Софија“ во Истанбул од музеј во џамија во 2020, на церемонија на која присуствуваа десетици илјади луѓе. Тој потег беше критикуван од црковните поглавари и некои западни земји, кои рекоа дека повторното преобраќање на „Аја Софија“ ризикува продлабочување на верските јазови. Ердоган тогаш рече дека тоа е мешање во суверените права и дека е решен да ги заштити правата на муслиманите.

    Оригиналната црква „Христос Хора“, или Карије џамија, датира од 4. век и била претворена во џамија од Османлиите. Стана музеј во 1945, а во 2020 Ердоган потпиша наредба за повторно претворање во џамија.

    По реставрацијата, џамијата беше повторно отворена на 6 мај. Надворешните сали беа зачувани како музеј, при што посетителите можеа слободно да ги видат значајните мозаици на таванот. Мозаиците во делот за молитва на објектот беа покриеани со завеси, во согласност со муслиманските обичаи. Некои посетители ги тргаат завесите за да ги видат мозаиците на Исус и на Марија со малиот Исус.

    Црквата „Христос Хора“, изградена во близина на античките градски ѕидини на Цариград, содржи мозаици и фрески од 14. век кои прикажуваат сцени од библиски приказни. Тие беа малтерисани откако Османлиите го освоиле градот во 1453, но биле откриени кога, исто како „Аја Софија“,  беше претворена во музеј од секуларната република на Турција во 1945.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира