НА ГАРАЖНОТО МЕСТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА УСТАВНИОТ СУД КАЦАРСКА ОСТАВЕНИ КРЕВЕТ И НОЖ

    НА ГАРАЖНОТО МЕСТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА УСТАВНИОТ СУД КАЦАРСКА ОСТАВЕНИ КРЕВЕТ И НОЖОд МВР велат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот. - Добрила Кацарска (Фото: СДК.МК)

    На гаражното место на претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска се најдени оставени импровизиран кревет и кујнскиот нож. Станува збор за подземна гаража на зграда во скопската општина Центар.

    Од МВР велат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    „Вчера во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло“, велат од МВР.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира