ЗАСТРЕЛАН И РАНЕТ СЛОВАЧКИОТ ПРЕМИЕР РОБЕРТ ФИЦО, СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ

    ЗАСТРЕЛАН И РАНЕТ СЛОВАЧКИОТ ПРЕМИЕР РОБЕРТ ФИЦО, СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТФико бил застрелан додека ја поздравувал толпата пред центарот за културна заедница во градот Хандлова. (Фото: АП)

    Словачкиот премиер Роберт Фицо (59) е застрелан и ранет о стомакот, јавија локалните медиуми. Фицо бил застрелан додека ја поздравувал толпата пред центарот за културна заедница во градот Хандлова, каде што се одржа владин состанок, се вели во извештаите.

    „Денеска имаше атентат врз Р. Фицо. Тој е погоден со повеќе куршуми и моментално е во животна опасност. Во овој момент тој е превезен со хеликоптер во Банска Бистрица, бидејќи траело предолго да се стигне до Братислава поради потребата од акутна процедура. Следните неколку часа ќе одлучат“, беше соопштено на официјлниот фејсбук профил на Фицо еден час по атентатот.

    Според новинарите од местото на настанот, се слушнале неколку истрели. Словачкиот лидер е однесен во болница, а неговиот напаѓач е приведен од полицијата. Хандлова е околу 180 км североисточно од главниот град Братислава, а владиниот состанок беше дел од турнејата низ регионите на земјата по доаѓањето на власт кон крајот на минатата година.

    Сведок изјави за веб-страницата „Деник Н“ дека слушнала три или четири истрели и го видела Фицо како паѓа на земја. Видела рани на главата и градите.

    По атентатот, најголемата опозициска партија во Словачка го откажа планираниот протест против реформите на владиниот јавен радиодифузен сервис закажан за вечерва.

    Словачката претседателка Зузана Чапутова напиша на Х: „Целосно шокирана од денешниот брутален напад врз премиерот на Словачка Роберт Фицо, што го осудувам најостро можно. Му посакувам многу сила во овој критичен момент и брзо закрепнување“.

    Фицо минатата година по четврти пат се врати како премиер на Словачка, која е членка на Европската унија и НАТО. За време на тридецениската кариера, Фицо се движеше меѓу проевропските мејнстрим и националистичките позиции што се спротивставуваат на политиките на Европската унија и САД. Тој, исто така, покажа подготвеност да го промени курсот во зависност од јавното мислење или променетата политичка реалност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира