НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЛЕ ОДАМНА ИСЧЕЗНАТ РЕЧЕН РАКАВ НА НИЛ КОЈ ВЕРОЈАТНО БИЛ КОРИСТЕН ЗА ГРАДЕЊЕ НА ПИРАМИДИТЕ ВО ЕГИПЕТ

    НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЛЕ ОДАМНА ИСЧЕЗНАТ РЕЧЕН РАКАВ НА НИЛ КОЈ ВЕРОЈАТНО БИЛ КОРИСТЕН ЗА ГРАДЕЊЕ НА ПИРАМИДИТЕ ВО ЕГИПЕТТимот утврдил дека речниот ракав наречен Ахрамат бил долг 64 километри и широк меѓу 200 и 700 метри (Фото: Гети)

    Научниците веруваат дека можеби ја решиле мистеријата како биле изградени 31 пирамида во Египет пред повеќе од 4.000 години, вклучувајќи го и светски познатиот комплекс Гиза. Истражувачки тим од Универзитетот на Северна Каролина откри дека пирамидите најверојатно биле изградени долж одамна изгубен древен ракав на реката Нил, кој сега е скриен под пустина и обработливо земјиште.

    Долги години, археолозите мислеа дека древните Египќани го користеле блискиот воден пат за транспорт на материјали, како што се камените блокови, потребни за изградба на пирамидите на реката.

    „Досега никој не беше сигурен за локацијата, обликот, големината или за близината на овој мегаводен пат до местото каде што се наоѓаат пирамидите“, изјави еден од авторите на студијата, професорот Еман Гонеим.

    Истражувачите користеле радарски сателитски снимки, историски карти, геофизички истражувања и испитувања на седиментот за да го мапираат речниот ракав, за кој веруваат дека исчезнал поради голема суша и песочни бури пред илјадници години. Тимот успеал да проникне во површината на песокот и со помош на радарска технологија да произведе снимки од скриени обележја.

    Меѓу тие обележја беа закопани реки и антички градби кои се наоѓаат во подножјето на местото каде што лежи огромното мнозинство на древните египетски пирамиди“, рече Гонеим.

    Тимот утврдил дека речниот ракав наречен Ахрамат бил долг 64 километри и широк меѓу 200 и 700 метри и тука биле сместени 31 пирамида градени пред 4.700 до 3.700 години.

    Откривањето на овој исчезнат речен ракав може да објасни зошто имало толку многу пирамиди меѓу Гиза и Лишт во она што денес е негостопримлив дел од Сахара“, кажа Гонеим.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира