ПОЛИЦИЈАТА УБИ МАЖ КОЈ САКАЛ ДА ЗАПАЛИ СИНАГОГА ВО ФРАНЦУСКИОТ ГРАД РУЕН

    ПОЛИЦИЈАТА УБИ МАЖ КОЈ САКАЛ ДА ЗАПАЛИ СИНАГОГА ВО ФРАНЦУСКИОТ ГРАД РУЕННапаѓачот бил вооружен со нож и метална шипка (Фото: Икс)

    Француската полиција уби вооружен маж кој сакал да запали синагога во северозападниот град Руен. Тој носел нож и кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан.

    Нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку целиот град е во шок“, изјави градоначалникот на Руен, Никола Мајер-Росињол.

    Полицијата била повикана откако околу 6:45 часот бил забележан чад како излегува од синагогата. Кога пристигнале полицајците, еден од нив застрелал маж кој бил вооружен со нож и метална шипка.

    Пожарникарите се обидуваат да го стават огнот под контрола. Се чини дека нема други жртви освен напаѓачот“, додаде Мајер-Росињол.

    Во Франција, како и во остатокот од Западна Европа, е забележан пораст на антисемитизмот откако во октомври почна војната помеѓу Израел и Хамас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира