НЕДЕЛАВА ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО КУМАНОВО, ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА 37.000 ЕВРА

    НЕДЕЛАВА ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО КУМАНОВО, ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА 37.000 ЕВРАДеновиве се потпишани договорите со две фирмите што ќе ја вршат услугата за 37.000 евра, тврдат од Општина Куманово. (Фото: СДК.МК)

    Прскањето против комарци на територијата на Општина Куманово ќе започне од неделава, откако се потпишани договорите со две фирми што ќе ја вршат услугата, велат од Општина Куманово. За таа намена одвоени се 2,3 милиони денари (околу 37.000 евра).

    „За авиотретирање предвидени се 1.692.000 денари без ДДВ за три прскања, додека за дезинсекција, дезинфекција и дератизација вредноста на договорот е 675.000 денари без ДДВ, а бројот на третмани ќе биде дополнително утврден. Веќе наредната недела може да се започне со прскање од земја ако тоа го дозволат временските услови, навреме ќе се спроведе и авионското прскање во јуни, за сите активности граѓаните ќе бидат навремено известени“, велат од Општината.

    Тие ги отфрлаат забелешките на граѓаните дека доцни прскањето против комарци, и велат дека оваа година временските услови придонесле тоа да се изврши подоцна, бидејќи многу врнеше.

    „Нема доцнење, се е навреме. Оваа година наместо во март имавме дожд цел април, а ларвата ферментира на влажно. Кога ќе се стабилизира времето ќе се спроведе постапката за да има ефект“, додаваат надлежните.

    За авионско прскање е ангажирана фирмата „Бониер“, додека услугите од земја ги пружа „Плант медика“, двете од Куманово. Од воздух се третираат 2 илјади хектари, а според спецификацијата различни по големина се површините кои ќе се третираат против штетни инсекти.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира