МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ДЕМИРИ САКА БОЛНИЦАТА ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА ВО ЛЕШОК ДА ЈА СПОИ СО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО

    МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ДЕМИРИ САКА БОЛНИЦАТА ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА ВО ЛЕШОК ДА ЈА СПОИ СО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВОСпецијализираната болница за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок. (Фото: СДК.МК)

    Медицинскиот персонал од Специјализираната болница за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок остро се спротивставуваат на можноста таа да се приклучи кон Клиничката болница во Тетово. Ваква одлука најави Министерот за здравство Илир Демири при неодамнешната посета на Тетово, а од болницата во Лешок велат дека ваква одлука ќе била донесена на наредната седница на Техничката Влада.

    „Се бара Министерот Демири да го преиспита и поништи барањето за припојување на Болницата во Лешок кон Клиничкиот центар во Тетово што тој го дал и за што има информација дека треба да биде усвоено на наредната седница на Техничката Влада. Зошто Министерството за здравство, со сите свои министри до сега не направи план и програма за вработување кадри специјалисти, не даваа дозволи за специјализации и програма за кадарот кој недостасува, иако секоја година добиваа извештаи? Бараме да се донесат доктори специјалисти за да продолжи нормалното функционирање на болницата. Бараме барањето на Министерот Демири, поврзано со нашата болница, итно да се поништи да не се најде на следната седница на Владата“, се вели во соопштението кое го испратија од Специјализираната болница за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок.

    При последната посета на Тетово, министерот Демири рече дека Специјализираната болница за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок ако не се земе под покровителство на тетовската болница таму без плата ќе останат 20 вработени.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира