МЛАДИНЕЦОТ ПЕТРУШЕВ ОСВОИ 6. МЕСТО НА ЕП ВО КАЈАК НА ДИВИ ВОДИ ВО СЕНИОРСКА КОНКУРЕНЦИЈА 

    МЛАДИНЕЦОТ ПЕТРУШЕВ ОСВОИ 6. МЕСТО НА ЕП ВО КАЈАК НА ДИВИ ВОДИ ВО СЕНИОРСКА КОНКУРЕНЦИЈА Петрушев, кој има 20 години, настапува во сениорска конкуренција. (Фото: СДК.МК)

    Македонскиот репрезентативец во кајак на диви води, Ангелче Петрушев во дисциплината К-1 освои 6. место на Европското првенство кое викeндов се одржува во Словенија на патеката Тацен на реката Сава.

    Тој патеката ја извесла за 91,53, што е за скоро 5 секунди послабо време од победникот, Италијанецот Ди Џенаро.

    Ова е првпат по 2010 кога Александар Николовски беше финалист на Европското првенство, македонски репрезентативец да се најде меѓу 10 најдобри.

    Петрушев, кој има 20 години, настапува во сениорска конкуренција. Тој чека валјд карта за настап на Олимпијадата во Париз.

    Во 2022 на ЕП за јуниори кое се одржа во Чешка беше 4-ти. Летово пред Петрушев се настапите на ЕП и СП за до 23 години. На првенството учествуваа 60 натпреварувачи.

    Настапија и македонските репрезентативци Кристијан Смилев кој има 15 години, а беше 50-ти и Стефан Рибарски кој се пласира на 59-то место.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира