НОВАТА ХОЛАНДСКА ВЛАДА ЌЕ ГО ОГРАНИЧИ БРОЈОТ НА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ И ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМИ ШКОЛАРИНИТЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ НЕ СЕ ОД ЕУ

    НОВАТА ХОЛАНДСКА ВЛАДА ЌЕ ГО ОГРАНИЧИ БРОЈОТ НА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ И ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМИ ШКОЛАРИНИТЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ НЕ СЕ ОД ЕУХоландските десничарски партии, на чело со Партијата за слобода на Герт Вилдерс, се согласија да формираат коалиција, но засега не можат да најдат премиер. - Вилдерс и Ван дер Клас, лидерката на партијата БББ (Фото: Икс)

    Холандија уште некое време нема да добие нова влада, иако по долги преговори, четири, повеќето десничарски партии се договорија за соработка. Изборите беа во ноември, а минатата недела, партиите на чело со Партијата за слобода на Герт Вилдерс се согласија да формираат коалиција, но засега не можат да најдат кандидат за премиер, па формирањето нова влада можеби нема да се случи до септември.

    Тие усвоија документ како основа за работата на новата влада, според кој, меѓу другото, се заоструваат условите за странските студенти и работници.

    Документот предвидува нови, построги правила за добивање мигрантски визи за луѓето надвор од ЕУ. Построги ограничувања ќе бидат наметнати за бројот на странски студенти, со тоа што ќе се зголемат предавањата на холандски, а ќе се намалат на англиски.

    Ќе се воведе и максимална бројка на странски студенти, а ќе се зголеми школарината на универзитетите за студентите од земји надвор од ЕУ. Ќе се намалат грантовите и за студентите од ЕУ земјите. Дополнително, студентите на кои ќе им биде потребна повеќе од една година екстра за да ги завршат студиите ќе плаќаат уште повисока школарина.

    Новата холандска влада се обврза дека ќе биде критична кон понатамошно проширување на ЕУ, освен ако не бидат исполнети сите критериуми предвидени за членство, односно нема да дозволи никакви концесии за зeмјите кандидати. 

    Холандско државјанство ќе се добива по најмалку 10 години престој и ако е законски можно, луѓето ќе треба да се откажат од странското државјанство. Услов за добивање државјанство ќе биде познавање на Холокаустот, како и познавање на холандскиот јазик на најмалку Б1 ниво.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира