ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МОХБЕР СТАНУВА ПРИВРЕМЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИРАН ПО СМРТТА НА РАИСИ И МОРА ДА РАСПИШЕ ИЗБОРИ ВО РОК ОД 50 ДЕНА

    ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МОХБЕР СТАНУВА ПРИВРЕМЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИРАН ПО СМРТТА НА РАИСИ И МОРА ДА РАСПИШЕ ИЗБОРИ ВО РОК ОД 50 ДЕНАРаиси се враќаше од границата со Азербејџан, каде што присуствуваше на отворањето на брана (Фото: АФП)

    Повеќе од десет луѓе загинаа во вчерашната хеликоптерска несреќа во иранската провинција Источен Азербејџан, објави новинската агенција „Тасним“. Покрај ултраконзервативниот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахијан, загинаа и гувернерот на Источен Азербејџан, Малек Рахмати, имамот Мохамад Али Ал-Хашем, генералот Сејед Мехди Мусави, кој беше шеф на обезбедувањето на Раиси, телохранители и тројца членови на посадата.

    Тие летале кон градот Табриз откако на границата со Азербејџан присуствувале на отворањето на брана, кога нивниот хеликоптер од американско производство удрил во планински врв. Спасувачките екипи цела ноќ се пробивале низ тежок терен и студена бура за да стигнат до остатоците од хеликоптерот, при што немало преживеани. Причината за несреќата засега не е позната.

    Шеесет и тригодишниот Раиси беше избран за претседател во 2021 и оттогаш нареди построго спроведување на законите за моралност и крваво задушување на антивладините протести. Многуминаа го гледаа како наследник на 85-годишниот врховен водач Али Хаменеи.

    Се очекува за привремен претседател да биде назначен првиот потпретседател Мохамад Мохбер (68), кој ќе биде дел од тричлен совет што треба да организира нови избори во следните 50 дена. Мохбер важи за човек близок на ајатолахот Али Хаменеи. Тој во октомври ја посети Москва, кога било договорено Иран да ѝ даде на руската војска проектили и уште дронови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира