Северна Кореја пушти најмалку 260 балони со измет и ѓубре во Јужна Кореја, по што јужнокорејските власти ги предупредија своите граѓани да останат дома.
Јужнокорејската војска исто така издаде предупредување до јавноста да не ги допира балоните и пластичните кеси закачени за нив, бидејќи се полни со „гнасен отпад и ѓубре“.
Балоните паднаа во осум од деветте провинции во Јужна Кореја и во моментов се анализираат. Северна и Јужна Кореја често користат балони за пропагандни цели. Јужнокорејската војска претходно кажа дека истражува дали во балоните имало и летки со севернокорејска пропаганда.
Денешниот инцидент доаѓа неколку дена откако Северна Кореја соопшти дека ќе возврати против „честото расфрлување летки и друго ѓубре“ во пограничните региони од страна на јужнокорејски активисти.