ПРИЈАВЕН НАСТАВНИК ЗА НАПАД ВРЗ УЧЕНИК ВО ИСТОТО БИТОЛСКО УЧИЛИШТЕ КАДЕ РОДИТЕЛИ ПРЕД 2 НЕДЕЛИ ТУРНАА НАСТАВНИЧКА И ТЕГНЕА ДЕТЕ ЗА УВО

    ПРИЈАВЕН НАСТАВНИК ЗА НАПАД ВРЗ УЧЕНИК ВО ИСТОТО БИТОЛСКО УЧИЛИШТЕ КАДЕ РОДИТЕЛИ ПРЕД 2 НЕДЕЛИ ТУРНАА НАСТАВНИЧКА И ТЕГНЕА ДЕТЕ ЗА УВОНападот се случил во Основното училиште „Даме Груев“ во Битола . (Фото: СДК.МК)

    Битолчанката Н. Л . (32), пријавила дека на час по физичко образование во основно училиште во кое учел нејзиниот малолетен син, бил физички нападнат од неговиот наставник, соопштија од СВР Битола. Се работи за 11-годишно дете, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

    Дознаваме дека настанот се случил во истото основно училиште „Даме Груев“ во Битола каде пред половина месец двајца родители на ученик за време на наставата физички нападнале друг ученик, како и наставничката.

    Обвинителството тогаш поведе постапка против мажот и жената за извршено грубо насилство врз малолетник роден 2009. На таткото му беше одреден домашен притвор. Според соопштението од Основното јавно обвинителство (ОЈО), таткото физички ја оттурнал наствничката и директно нападнал еден од учениците, заканувајќи му се дека ќе го убие. Го фатил детето за уво, го стапнал на ногата и го тегнел. За тоа време неговата сопруга ја држела наставничката за да не го одбрани ученикот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира