Еден пожарникар загина кога гумениот чамец на кој се возел се превртел за време на силните поплави, а најмалку две лица се водат за исчезнати во јужна Германија додека регионот се подготвува за нови дождови. Обилните дождови во јужните германски области доведоа по зголемување на нивото на водата, што статистички се случува еднаш на 100 години.
Две брани на реката Паар, притока на Дунав, попуштија во близина на соседниот град. Десет општини во областа Баерн прогласија вонредна состојба. Премиерот на Баварија Маркус Седер рече дека само во неговата покраина околу 40 илјади лица се на отворено, поради поплавите.
„Најважно е да се организира замена на спасувачите во наредните часови. Колку подолго работите без да ве сменат, толку е поголема опасноста од грешки, од исцрпеност, а потоа опасноста од смрт и повреда е понеизбежна“, рече тој.
Локалните жители добија совети да го напуштат приземјето од своите домови и да се искачат на повисоките нивоа на зградите. Германската метеролошка служба предупреди дека новите дождови ја зголемуваат опасноста од поплави во денеска попладне.