МАКРОН ПОПУШТИ И ЌЕ Ѝ ДАДЕ НА УКРАИНА БОРБЕНИ АВИОНИ „МИРАЖ“

    МАКРОН ПОПУШТИ И ЌЕ Ѝ ДАДЕ НА УКРАИНА БОРБЕНИ АВИОНИ „МИРАЖ“Франција досега одбиваше да ѝ даде борбени авиони на Украина (Фото: Гети)

    Емануел Макрон објави дека Франција ќе испрати борбени авиони „мираж 2000“ во Украина, што е значително зголемување на директната француска воена помош за Киев.

    Започнуваме со нова соработка и објавуваме трансфер на авиони ‘мираж 2000‘, што ќе ѝ помогнат на Украина да си го штити небото“, изјави Макрон, пред стартот на официјалната посета на Володимир Зеленски на Франција.

    Макрон кажа дека Украинците ќе добијат и обука од пет-шест месеци во Франција, што ќе почне летово, што ќе опфати околу 4.500 војници.

    Секогаш сме ја имале истата филозофија да им помагаме на Украинците да се борат“, рече тој.

    Франција досега одбиваше да ѝ даде борбени авиони на Украина, сметајќи дека фокусот треба да биде на авионите „Ф-16“, кои се повообичаени од француските „мираж“.

    Зеленски пристигна во Франција за да учествува во одбележувањето на 80 години од Десантот на Нормандија, при што денеска во Париз ќе се сретне и со Џо Бајден, кој ќе одобри нов пакет воена помош од 225 милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира