„ЛАЈКА“ ЗАЛОВИ 6 ОПАСНИ КУЧИЊА, НО ИНСПЕКТОРИТЕ НАМЕСТО ДА ГО КАЗНАТ СОПСТВЕНИКОТ, МУ ГИ ВРАТИЛЕ

    „ЛАЈКА“ ЗАЛОВИ 6 ОПАСНИ КУЧИЊА, НО ИНСПЕКТОРИТЕ НАМЕСТО ДА ГО КАЗНАТ СОПСТВЕНИКОТ, МУ ГИ ВРАТИЛЕКучињата не биле вакцинирани против беснило ниту чипирани.(Фото: Анима мунди)

    Кај Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје на јавна површина се чуваат опасни кучиња од расата питбул и кангал, кои сопственикот ги користи за борби. Кучињата не биле вакцинирани против беснило ниту чипирани. Овие кучиња по пријава биле заловени од ЈП „Лајка“, но инспектори од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и од Министерството за внатрешни работи (МВР) ги ослободиле и ги вратиле на сопсвеникот.

    По секое правило, штом вегле во шелтер треба да бидат стерилизирани, чипирани и вакцинирани, но тоа не се случи. Се појави нивниот сопственик, кој од инспекторите бил казнет само со 100 евра и си ги зема кучињата. Ова отворено кажува дека станува збор за бизнис. Не може ваков престап да помине со казна од 100 евра и ветување дека ќе ги вакцинира и чипира. После ние тие кучињаги собираме од улица оти на газдата веќе нема да му биде корисни, ќе му се роди дете или ќе го мрзи да го шета. Ова е класичен пример како системот не функционира“, рече Радмила Пешева, директорка на ЈП „Лајка“ во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК.

    • ДОДЕКА НЕМА КАЗНИ, УЛИЦИТЕ ЌЕ НИ БИДАТ ПОЛНИ СО КУЧИЊА СКИТНИЦИ, ВО ХОЛАНДИЈА КАЗНАТА Е 16.000 ЕВРА ЗА НАПУШТЕН МИЛЕНИК, ПОДКАСТ СО РАДМИЛА ПЕШЕВА, ДИРЕКТОРКА НА „ЛАЈКА“

    За овој случај реагираа и од здружението за заштита на животни „Анима мунди“.

    Ниту Агенција за храна и ветеринарство ни Министерството за внатрешни работи не видоа простор ниту за одземање на животните, ниту за мандаторна стерилизација на кучињата кои имаат сила со еден угриз да убијат животно и човек. Не препознаа елементи на предизвикување јавна опасност, ниту препознаа индиции за постоење дива одгледувачница за животни чиј пород потоа завршува којзнае каде, но најчесто за учество во борби до смрт. Бараме новата Влада да внимава при назначувањето на министер за внатрешни работи и директор на АХВ, бараме луѓе кои се стручни, амбициозни и отворени за неодложни измени на Законот за заштита и благосостојба на животните и Кривичниот закон“, велат од „Анима мунди“.

    Според податоците на „Лајка“, на улиците има меѓу 6.000 и 10.000 кучиња скитници. Пешева вели дека е невозможно да се стават сите кучиња во стационар и дека тоа не го решава проблемот, бидејќи повторно поради неодговорно сопствеништво легла ќе завршат на улица туку потребни се казни за неодговорно сопствеништво.

    Не се најде еден маж што ќе рече ова и ова ќе се прави. Не треба да измислуваме топла вода. Една Европа го решила проблемот после Втората светска војна, а ние не можеме. Во Виена ако ти избега куче, полицијата ќе ти го врати со фактура од 1.500 евра. Во Холандија казна за напуштено куче е 16.000 евра. Такви казни треба да има и кај нас“, вели Пешева.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира