СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ УПАДНЕ И ВО ЦАРИНАТА?

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:238:"ЦаринскатауправаодбиладададедиректенпристапдобазатанаподатоциибаралаСЈОзасекојпредметдаподнесуваписменобарање

    СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ УПАДНЕ И ВО ЦАРИНАТА?

    Скопје, 24 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – И Царинската управа не соработувала со Специјалното обвинителство со слични финти како што тоа го правел и Централниот регистар. Специјалната обвинителка Катица Јанева во вторникот, на антикорупциската конференција во Скопје на која гостин беше романската специјална обвинителка Лаура Кодрута Корвеси, кажа дека Царината прави опструкции во истрагите на нејзините истражители. На истата конференција присуствуваа и Јавниот обвинител Марко Зврлевски и американскиот амбасадор Џес Бејли.

    Во СЈО ни потврдија дека тие барале директна врска со базата на податоци на Царинската управа, за да можат ненајавено и во секое време да ги проверуваат нивните записи. Но, од таму одбиле да им дадат пристап, со образложение дека немале пракса да отвараат линкови со други институции. Од Царинската управа барале Специјалното обвинителство за секој предмет да им се обраќа со писмено барање. Тоа, според СЈО е начин да се попречи работата на истражителите.

    И вчерашниот претрес во Централниот регистар дошол откако оваа институција повеќе од 30 дена не одговарала на барањето на СЈО за пристап до нивната документација

    И вчерашниот претрес во Централниот регистар дошол откако оваа институција повеќе од 30 дена не одговарала на барањето на СЈО за пристап до нивната документација

    И вчерашниот претрес во Централниот регистар дошол откако оваа институција повеќе од 30 дена не одговарала на барањето на СЈО за пристап до нивната документација. Од кабинетот на Специјалната обвинителка информираа дека наредбата за одземање предмети била побарана од судот откако Централниот регистар по предвидениот рок од 30 дена на нивните барања околу документите што им се потребни на истражителите одговарал дека не им било јасно што бараат.

    Централниот регистар демантираше дека вработени прикривале, затајувале или уништувале документацијата за податоците од регистрите со кои раководи. „Небулозно е тврдењето оти податоци воопшто можат да бидат уништени бидејќи базите се водат електронски на повеќе локации, а секоја промена во регистрите електронски се доставува и до бројни институции“, стои во соопштението на Централниот регистар.

    Во Специјалното обвинителство велат дека предмет на нивен интерес не била електронската база на податоци, бидејќи таа е достапна за сите, туку истражителите барале пристап до регистарските влошки и промените на сопствеништвата и адресите на фирмите што се во хартиена форма.

    Специјалното обвинителство денеска изрази уверување дека „добро воспоставената соработка со Централниот регистар ќе продолжи и во иднина. Истражителите на Катица Јанева остануваат во Централниот регистар. Од вработени во институцијата кои сакаа да останат анонимни ни беше кажано дека истражителите заедно со директорот на Централниот регистар и дваесетина раководители со нивните помошници и попладнево работат на документите што се предмет на интерес на СЈО.

    Оттаму не откриваат за какви документи и за потребите на кои предмети се одземаат материјалите, но велат дека станува збор за „обемна документација“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира