УНГАРИЈА СЕ ОТКАЖА ОД БЛОКИРАЊЕТО, УКРАИНА И МОЛДАВИЈА МОЖАТ ДА ПОЧНАТ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

    УНГАРИЈА СЕ ОТКАЖА ОД БЛОКИРАЊЕТО, УКРАИНА И МОЛДАВИЈА МОЖАТ ДА ПОЧНАТ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ СО ЕУУкраина аплицираше за членство во ЕУ набргу по почетокот на руската инвазија (Фото: Шатерсток)

    Европската Унија постигна едногласна согласност за отпочнување пристапни преговори со Украина и Молдавија, објави Белгија, која е актуелниот претседавач. Брисел кажа дека одлуката и официјално треба да биде потврдена на состанокот на министрите за економија и финансии следниот петок.

    Ова значи дека Унгарија засега се откажа од блокирањето на Украина, откако претходно изразуваше сомнежи во проценките на Европската комисија дека таа е подготвена да ги почне преговорите. Минатата недела, Европската комисија кажа дека Украина и Молдавија ги исполнуваат критериумите да ги почнат пристапните преговори.

    Белгија и ЕК сакаа да го постигнат овој договор пред Унгарија да го преземе шестмесечното претседавање со ЕУ на 1 јули.

    Украина аплицираше за членство во ЕУ набргу по почетокот на руската инвазија во февруари 2022 и четири месеци подоцана доби кандидатски статус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира