СОПРУГОТ ЈА ТЕПАЛ И ДАВЕЛ, ТАА ЗЕЛА НОЖ И ГО ИЗВРШИЛА ДВОЈНОТО УБИСТВО ВО КРАТОВО, ВЕЛИ ОЈО КУМАНОВО

    СОПРУГОТ ЈА ТЕПАЛ И ДАВЕЛ, ТАА ЗЕЛА НОЖ И ГО ИЗВРШИЛА ДВОЈНОТО УБИСТВО ВО КРАТОВО, ВЕЛИ ОЈО КУМАНОВОНа В. И. ѝ е одреден 30-дневен притвор (Фото: СДК.МК)

    Истрагата за двојното убиство во Кратово покажала дека жената ги убила сопругот и неговиот татко откако била тепана и малтретирана во семејниот дом. Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишна жена од Кратово, осомничена дека сторила кривичнo делo убиство.

    При вршење семејно насилство на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож, со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на самото место“, соопшти ОЈО Куманово.

    По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка ѝ определи 30-дневен притвор на осомничената.

    В. И. од Кратово во четвртокот во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала сопругот Ј. И. (38) и неговиот татко С. И. (63), кои починале од здобиените повреди. В. И. била приведена и задржана во полициска станица, а телата на убиените се предадени на обдукција.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира