НЕМА АБЕР ОД КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ ДЕКА ДОЦНИ ОТИ МВР НЕ ИМ ИЗДАВА СООДВЕТЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ

    НЕМА АБЕР ОД КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ ДЕКА ДОЦНИ ОТИ МВР НЕ ИМ ИЗДАВА СООДВЕТЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈПовеќе од една година не работат ниту семафорите на крстосницата, па сообраќајот се одвива забавено. (Фото: СДК.МК)

    Доцни изградбата на клучката кај Момин Поток во Скопје, а според темпото на градежните работи на терен, нема абер дека ќе биде готова наскоро. Динамиката на изградба е многу бавна и иако се поминати точно три години од стартот на овој капитален проект за градот, на терен е многу малку изведено.

    Повеќе од една година не работат ниту семафорите на крстосницата, па сообраќајот се одвива забавено.

    Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска велат дека се работи со забавена динамика оти од Министерството за внатрешни работи не им издаваат одобрение за воведување времен режим на сообраќај.

    „Динамиката на изградба на клучката е забавена зашто СВР Скопје повеќе од една година не му издава на изведувачот соодветен времен режим на сообраќај. Истото резултира со работа само во делови на сообраќајницата и го отежнува движењето во сообраќајот на овој потег поради што е забавена динамиката на работа и реализација“, велат од Град Скопје.

    Клучката кај Момин Поток почна да се гради во јули 2021 во време на ексградоначалникот Петре Шилегов и треба да го намали метежот на влезот и излезот од Скопје. За таа цел се предвидува изградба на два кружни тека. Првиот на крстосницата кај булеварот 8 Септември и улицата Скупи е готов, а вториот треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек, улицата продолжува до крстосницата со булеварот Словенија, каде што се поврзува и со булеварот Босна и Херцеговина.

    Изградбата на кружниот тек и клучката чини 18 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира