ФОН ДЕР ЛАЈЕН ИМА ДОВОЛНО ПОДДРШКА ЗА ВТОРИОТ МАНДАТ НА ЧЕЛО НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

    ФОН ДЕР ЛАЈЕН ИМА ДОВОЛНО ПОДДРШКА ЗА ВТОРИОТ МАНДАТ НА ЧЕЛО НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈАФон дер Лајен има поддршка и од Франција и Германија, чии лидери лошо поминаа на изборите за Европскиот парламент (Фото: СДК.МК)

    Лидерите на Европската Унија денеска ќе се сретнат за првпат од одржувањето на изборите за Европскиот парламент за да дискутираат за политичките цели за следните пет години и кој ќе ги добие највисоките функции во Брисел. На овие избори најдобро поминаа десниот центар и десничарските националисти, додека тие беа понижувачки за Емануел Макрон и Олаф Шолц.

    Лидерите ќе разговараат кои ќе бидат идните претседатели на Европската комисија и Европскиот совет и кој ќе ја води надворешната политика, но се чини тоа е веќе решено.

    Урсула фон дер Лајен е фаворитка да го обезбеди вториот мандат на чело на Европската комисија благодарение на добрите резултати на Европската народна партија (ЕПП) на изборите. Тринаесет од 27-те лидери на ЕУ доаѓаат од партии кои се дел од ЕПП, а таа има поддршка и од Германија и Франција, со што има доволно мнозинство да остане на функцијата.

    Бившиот португалски премиер Антонио Кошта треба да биде новиот претседател на Европскиот совет, додека либералната естонска премиерка Каја Калас е главен кандидат за функцијата еврокомесар за надворешни прашања.

    Лидерите ќе ги потврдат своите избори на самитот на ЕУ на 27/28 јуни. Фон дер Лајен ќе треба да добие поддршка и во Европскиот парламент, чија прва сесија е закажана за 16 јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира