ВМРО-ДПМНЕ БАРА НОВИ ИЗБОРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ БАРА НОВИ ИЗБОРИ

    ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се одржат нови избори, откако лидерот Никола Груевски не успеа во уставно предвидениот рок да собере парламентарно мнозинство за избор на нова влада.

    Од партијата вечерва ја информираа јавноста дека договор за коалицирање со партијата ДУИ не е постигнат.

    „ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата За подобра Македонија како победник на последните избори која доби најголема поддршка од граѓаните и освои најголем број гласови и пратеници, смета дека формирањето на Влада треба да биде во функција на затворање на политичката криза, а не нејзино продлабочување и смета дека одржувањето на нови избори е зрело решение, а во функција на надминување на кризата и поставување на реформските приоритети во прв план“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Од таму велат дека секое друго решение само ќе доведе до нова конфликтност и проблеми во и онака поделеното општество и нема да биде во функција на одржливост и остварување на било чии програмски цели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира