ОД УТРЕ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 40 СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ НИЗ ЦЕЛАВА ЗЕМЈА

    ОД УТРЕ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 40 СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ НИЗ ЦЕЛАВА ЗЕМЈАПоради натамошен пораст на температурите од 20 јуни насекаде ќе биде активно портокалово ниво за опасност. (Фото: К. Попов)

    Од утре до 23 јуни Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

    Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури.

    Поради натамошен пораст на температурите од 20 јуни насекаде ќе биде активно портокалово ниво за оспасност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира