ГРУЕВСКИ НЕ УСПЕА ДА СОСТАВИ ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРУЕВСКИ НЕ УСПЕА ДА СОСТАВИ ВЛАДА

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не успеа да состави влада во уставниот рок од 20 дена по врачувањето на мандатот од претседателот Ѓорге Иванов, откако не успеа да собере мнозинство од 61 пратеник во парламентот. Рокот истече ноќеска на полноќ, а претседателството на ДУИ по тридневна дебата не донесе одлука за продолжување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

    „Се уште не сме донеле одлука за петте опции што беа на маса пред претседателството на ДУИ и ќе ја продолжиме дебатата по овие прашања во наредните денови. Едногласно заклучивме дека дебатата не може денеска да биде исцрпена и дека немаме доволно аргументи да се определиме за која било од петте опции коишто беа ставени како предмет на дебата“, соопшти портпаролот на ДУИ Бујар Османи пред полноќ.

    Петте опции за кои се дебатираше во ДУИ се: влада со ВМРО-ДПМНЕ, влада со СДСМ, широка коалиција, ДУИ во опозиција и нови избори.

    Паралелно со состанокот на ДУИ во седиштето во Мала Речица, во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје имаше средба на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“, а потоа и состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, единствено Трајко Вељановски изјави дека до полноќ ќе има нова влада.

    По полноќ, партијата излезе со соопштение дека договор со ДУИ не е постигнат и порача дека нови избори би биле зрело решение.

    „ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата За подобра Македонија како победник на последните избори која доби најголема поддршка од граѓаните и освои најголем број гласови и пратеници, смета дека формирањето на Влада треба да биде во функција на затворање на политичката криза, а не нејзино продлабочување и смета дека одржувањето на нови избори е зрело решение, а во функција на надминување на кризата и поставување на реформските приоритети во прв план“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

    ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеник на предвремените парламентарни избори на 11 декември. СДСМ освои 49, ДУИ 10, БЕСА 5, Алијанса на Албанците 3 и ДПА 2.

    .

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира