СЕ РЕКОНСТРУИРА ДЕЛОТ ОД ПАТОТ ЗА ПЕЛИСТЕР МЕЃУ МАГАРЕВО И ТРНОВО КОЈ СО МЕСЕЦИ БЕШЕ ОСТАВЕН РАСКОПАН

    СЕ РЕКОНСТРУИРА ДЕЛОТ ОД ПАТОТ ЗА ПЕЛИСТЕР МЕЃУ МАГАРЕВО И ТРНОВО КОЈ СО МЕСЕЦИ БЕШЕ ОСТАВЕН РАСКОПАНПатот еше уништен по интервенцијата за поставување колектор за опадни води што ја спроведуваше Министерството за транспорт и врски, а сега се се реконструираат 537 метри. (Фото. СДК.МК)

    Општина Битола започна со реконтрукција на патот меѓу потпелистерските села Трново и Магарево кој е составен дел од единствената асфалтирана сообраќајница која води за Пелистер. Патот, за кој САКАМДАКАЖАМ.МК пишуваше пред две недели, повеќе месеци беше во многу лоша состојба, раскопан, со дупки и распаднат асфалт по интервенцијата за поставување колектор за опадни води што ја спроведуваше Министерството за транспорт и врски.

    Сега од локалниот пат се реконструираат 537 метри, изведувач е прилепска фирма, а вкупната инвестиција од општинскиот буџет изнесува 7.763.996 денари. Од Општината соопштија дека ова е еден од проектите со кој локалната самоуправа инвестира во подобрување на патната инфраструктура во Потпелистерието, изведба на колекторскиот систем и подигнување на квалитетот на животната средина.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира