ПОРАДИ ГОРЕШТИНИТЕ, ВО ИДНИНА ЌЕ БИДЕ НЕВОЗМОЖНО ЛЕТНАТА ОЛИМПИЈАДА ДА СЕ ОДРЖУВА ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, АПЕЛИРААТ НАУЧНИЦИ И СПОРТИСТИ

    ПОРАДИ ГОРЕШТИНИТЕ, ВО ИДНИНА ЌЕ БИДЕ НЕВОЗМОЖНО ЛЕТНАТА ОЛИМПИЈАДА ДА СЕ ОДРЖУВА ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, АПЕЛИРААТ НАУЧНИЦИ И СПОРТИСТИЗа овогодинешната Олимпијада во Париз, „Метео Франс“ веќе предвиде потопли услови од нормалните и рече дека има 70 отсто шанси да биде потопло од вообичаено што е во јули и август. (Фото: АП )

    Спортистите и научниците за климатски промени предупредуваат дека екстремните горештини за неколку години би можеле да го направат невозможно одржувањето на Олимписките игри во летните месеци. Во соработка со научниците од Универзитетот во Портсмут, група олимпијци алармираа за зголемените температури и како тие би можеле да доведат до колапс на спортистите или, во најлош случај, смрт. Извештајот насловен„ Огнени прстени: Ризици од топлина на Олимпијадата во Париз во 2024 “, ги повикува Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и другите спортски тела да преземат акција за климатските промени.

    Една од препораките е да се промени распоредот на натпреварите така што тие да се одржуваат во постудени месеци или постудени периоди од денот.

    За овогодинешната Олимпијада во Париз, „Метео Франс“ веќе предвиде потопли услови од нормалните и рече дека има 70 отсто шанси да биде потопло од вообичаено што е во јули и август. Во извештајот научниците ја анализираа разликата во температурите од 1924, кога Париз последен пат беше домаќин на Олимпијадата, до оваа година. Тие откриле дека во просек е 3,1 Целзиусови степени потопло  меѓу јули и август.

    Научниците апелираат дека постои висок ризик од екстремни горештини и додадоа дека топлотниот бран во Франција во 2003 година уби повеќе од 14 илјади лица.

    Во извештајот се наведени и други препораки, како апел до спортските власти да воведат подобри планови за рехидратација и ладење на спортистите, охрабрување на спортистите да зборуваат за климатските промени, зајакнување на соработката помеѓу спортските тела и спортистите за кампањи за подигање на свеста за климата и повторно оценување на спонзорството за фосилни горива во спортот.

    Портпаролот на Меѓународниот олимписки комитет рече дека развиле пакет алатки за да ги заштити натпреварувачите од екстремни температури. Во соопштението, додаваат дека температурите на местата на настаните ќе бидат внимателно следени и дека „обезбедувањето на најдобрите и најбезбедни можни услови на спортистите и гледачите се врвни приоритети за МОК и целото олимписко движење“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира