ОСУММИНА МРТВИ ВО ПОЖАР БЛИЗУ МОСКВА, ИЗГОРЕ ЗГРАДАТА НА ФИРМА КОЈА Е ПОД САНКЦИИ НА САД

    ОСУММИНА МРТВИ ВО ПОЖАР БЛИЗУ МОСКВА, ИЗГОРЕ ЗГРАДАТА НА ФИРМА КОЈА Е ПОД САНКЦИИ НА САДЗасега е нејасно како избувнал пожарот, но очевидци изјавија дека почнал на шестиот кат (Фото: Телеграм)

    Најмалку осуммина луѓе загинаа во пожар кој зафати деловна зграда близу Москва. Локалниот гувернер Андреј Воробјов изјави дека сѐ уште би можело да има заглавени луѓе во зградата во Фрјазино, околу 25 километри североисточно од Москва.

    Снимки објавени на социјални мрежи покажуваат густ чад како излегува од горните спратови на деветкатниот комплекс. Локалните медиуми објавија дека неколкумина луѓе скокнале од горните катови бегајќи од огнот.

    Во зградата порано бил сместен истражувачкиот институт „Платан“, објави новинската агенција „ТАСС“, додека државната организација за електроника „Роселектроникс“ соопшти дека зградата била во приватна сопственост од 1990-тите.

    Платан“ е под санкции на САД од јуни 2022 поради производство и дистрибуција на пигменти и бои кои се користат во одбранбената индустрија.

    Засега е нејасно како избувнал пожарот, но очевидци изјавија дека почнал на шестиот кат. Повеќе од 100 пожарникари и два хеликоптера учествуваат во гаснењето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира