Кинеската мисија на Месечината се врати на Земјата, при што за првпат се донесени примероци од нејзината неистражена далечна (темна) страна. Леталото „Ченги-6“ денеска се спушти во пустината во Монголија по речиси двомесечната мисија која беше исполнета со ризици, објавија државните медиуми.
Научниците со големо нетрпение го чекаа враќањето на „Ченги-6“ бидејќи примероците би можеле да дадат клучни одговори како се формирале планетите.
Кина е единствената земја која успеа да спушти летало на темната страна на Месечината, што првпат го изведе во 2019. Технички предизвик е да се стигне на оваа страна поради нејзината оддалеченост и тешкиот терен со малку рамни површини.
„Ченги-6“ беше лансиран во почетокот на мај и успешно слета неколку недели подоцна во кратер близу јужниот пол на Месечината. Користеше дупчалка и роботска рака за да собере примероци од почва и камења, при што сними фотографии и постави кинеско знаме.