ПОЧИНА ЗАТВОРЕНИК ВО „ИДРИЗОВО“ КРВНИЧКИ ПРЕТЕПАН ОД ДРУГ ОСУДЕНИК

    ПОЧИНА ЗАТВОРЕНИК ВО „ИДРИЗОВО“ КРВНИЧКИ ПРЕТЕПАН ОД ДРУГ ОСУДЕНИКОсуденото лице на повеќегодишна затворска казна, на 31 мај физички го нападнал затвореникот со тупаници и клоци, кој од нанесените тешки повреди, починал на 22 јуни (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, односно со смртни последици.

    Како што соопшти Обвинителстоѕо, осомничениот, осуденик на издржување казна затвор во КПУ Затвор „Идризово“ – Скопје, на 31 мај тешко телесно повредил друг осуденик. Физички го нападнал во затворот со тупаници и клоци, а од нанесените тешки повреди тој починал на 22 јуни.

    Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност тој да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира