НЕЗАКОНСКИ Е ДА ИМА ПРВ ВИЦЕПРЕМИЕР, НО ВО КОАЛИЦИЈАТА ИМАМЕ ЏЕНТЛМЕНСКИ ДОГОВОР ТОА ДА БИДЕ ИЗЕТ МЕЏИТИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    НЕЗАКОНСКИ Е ДА ИМА ПРВ ВИЦЕПРЕМИЕР, НО ВО КОАЛИЦИЈАТА ИМАМЕ ЏЕНТЛМЕНСКИ ДОГОВОР ТОА ДА БИДЕ ИЗЕТ МЕЏИТИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИМицкоски рече дека именување прв вицепре премиер е езаконски и тие како нова Влада нема да работат спротивно на законот, но веднаш додека дека во рамките на коалицијата имаат џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити. (Фото: К. Попов)

    И во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски ќе има прв вицепремиер, а тоа ќе биде Изет Меџити од Коалицијата Вреди. Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе има прв вицепремиер, рече дека тоа е незаконски и тие како нова Влада нема да работат спротивно на законот, но потоа додека дека во рамките на коалицијата имаат џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити.

    „Според законот којшто е важечки, претседателот на Влада има заменици, а џентлменскиот договор во рамките на коалицијата е да има прв вицепремиерот и тоа ќе биде Изет Меџити. Но, тоа е надвор од законот, законот вели дека премиерот има само заменици. Она што досега е работено на диво и незаконски нема да биде пракса во работењето на оваа влада. Но, да, џентлменскиот договор во нашата коалиција и нашето функционирање е таков“, рече Мицкоски на поставувањето на камен темелник на школо во Драчево.

    Прв вицепремиер нема во Законот за Влада, но е предвиден во Деловникот за работа на Владата како подзаконски акт, со кој поблиску се утврдува внатрешната организација, начинот на работа, како и други прашања од значење за работата на Владата.  Деловникот го донесува самата Влада, а во член 5  се вели: „Претседателот на Владата го заменува првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите, а во случај на негово отсуство или спреченост тогаш претседателот на Владата го заменува еден од неговите заменици што тој ќе го определи“.

    Владата не Мицкоски не го изменила Деловникот.

    Лидерот на Демократското движење Изет Меџити во новата Влада е министер за животна средина. Прв вицепремир во претходниот владин состав беше Артан Груби од ДУИ.

    Во предлог-составот на Владата што до Собранието го поднесе Мицкоски како мандатар, именувани се само претседателот на владата и министрите, не е спомнато кој е заменик односно вицепремиер или прв вицепремиер.

    Новата влада има 24 члена, од кои 15 се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ. Покрај премиерот, има вкупно 23 министри, од кои 20 со ресор. Владата има 5 вицепремиери:  покрај Изет Меџити, вицепремиер и министер за транспорт и врски е актуелниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Министер за добро владеење и вицепремиер од Алијанса за Албанците е Арбен Фетаи. Љупчо Димовски од Социјалистичка партија е вицепремиер и министер за политички систем. Вицепремиер за односи меѓу заедниците е Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира