ОПШТИНА ЦЕНТАР ОБЈАВИ КОНКУРС ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА НОВА ОПШТИНСКА ЗГРАДА

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ОБЈАВИ КОНКУРС ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА НОВА ОПШТИНСКА ЗГРАДАНовата општинска зграда ќе се гради на местото на старите бараки. (Фото: СДК.МК)

    Општина Центар објави анонимен конкурс за избор на идејно решение за проект за новата општинска зграда, која ќе се гради на местото на старите бараки. Според насоките на конкурсот идејното решение, покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, треба да содржи решение за подземен паркинг со околу 300 паркинг места, како и простор за паркирање на 100 велосипеди.

    Дополнително, на градежната парцела треба да се предвиди мал плоштад, парк со фокус на влезниот портал од учителската школа, како и безбедно сообраќајно решение за пристапи и движење на возила, велосипеди и пешаци.

    Со изградбата на општинската зграда, старите и дотраени бараки во кои сега се наоѓа општинската администрација ќе се заменат со функционален, современ и рационален комплекс што треба да ги задоволи не само општинските, туку и реалните потреби на жителите кои гравитираат во овој простор“, велат од Општина Центар.

    Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за најдоброто идејно решение за новата општинска зграда, и тоа за прво место 750.000 за второ 400.000 и за трето место 300.000 денари.

    Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица стручни во областа на архитектурата и урбанизмот, а крајниот рок за предавање на трудовите е 27 септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира