Американската актерка Сигурни Вивер ќе биде наградена со Златен лав за животно дело на Венецискиот филмски фестивал. Наградата ќе ја добие на 81. издание на фестивалот, што ќе се држи од 28 август до 7 септември.
Вивер е трикратно номинирана за Оскар, најпозната по франшизите „Осмиот патник“, „Аватар“ и „Истерувачи на духови“, а доби и признанија од критиката и награди за улогите во „Горили во маглата“, „Вработена девојка“ и „Ледената бура“.
„Да се добие оваа награда е привилегија што ја споделувам со сите филмаџии и соработници со кои сум работела низ годините. Со гордост ја прифаќам оваа награда во чест на сите кои помогнаа да се оживеат овие филмови“, се вели во изјавата на Вивер.
Како што беше претходно најавено, почесен Златен лав добива и австралискиот режисер Питер Вир. Вивер играше и во еден од неговите најпознати филмови „Година на опасно живеење“ од 1982, заедно со Мел Гибсон.
Претходните почесни добитници на Златниот лав се Кетрин Денев, Џејми Ли Кертис и Пол Шредер.
Целосната програма за филмскиот фестивал во Венеција ќе биде објавена на 23 јули.